ИСТАНБУЛ (AA) – Функционер на иранската Револуционерна гарда тврди дека командантот на елитната иранска единица „Кудс” Касим Сулејмани, кој е убиен во американскиот напад на аеродромот во Багдад, го спречил претседателот на Сирија Башар ал Асад да поднесе оставка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранскиот генерал Хасан Пларек, поранешен член на Кабинетот за обнова на верско наследство при Револуционерната гарда, изјави дека Сулејмани го спречи ал Асад да поднесе оставка и да избега од земјата.
Во разговорот за иранската новинска агенција Фарс, генералот Пларек изјави дека Сулејмани „всушност ја спасил Сирија”.
„Касим Сулејмани самиот се бореше со сирискиот проблем и на крај ја спаси Сирија. Дури и ал Асад можеше да стане бегалец и да ја напушти својата земја. Но тој, Сулејмани тогаш рече „Единствен пат до победата е отпорот. Ќе успееме со помош на Алах.” И на крајот и успеа”, рече Пларек.
Гул-АЛи Бабаји, еден од командантите на Револуционерната гарда, во книгата „Порака на рибите” напиша дека ситуацијата во Сирија била многу комплицирана и дека ал-Асад мислел дека се е готово поради што веќе се обидел да бара азил во Русија.
– Кој е Хасан Пларек?
Пларек (58) беше долгогодишен пријател на Сулејмани, а на чело на Кабинетот за обноца на верското наследство го постави токму командантот на елитната иранска единица кој е убиен кон почетокот на јануари во американскиот напад на беспилотно во Багдад.









