ПРИШТИНА (AA) – Специјалниот обвинител на Специјалниот суд за Косово најави покренување постапка во врска со злосторствата во Косово и побара да се одреди судија на претходна постапка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Специјалниот обвинител ја извести претседателката на Специјализираните совети на Косово за својата намера да покрене постапки пред Специјализираните совети и побара, во согласност со законот, да се одреди судија судија на претходна постапка, соопштено е од Специјализираните совети во Хаг.

Се додава дека во согласност со Законот и Правилникот за распоредување судии на Специјализираните совети од листата на меѓународни судии, претседателкта одредила судија на претходна постапка кој ќе ги прегледа обвиненијата поднесени од страна на специјалните обвинители.

Содржината на обвинението останува доверлива сѐ до моментот додека не ја потврди судија на преходна постапка, се наведува во соопштението.

Специјалното обвинителство во текот на минатата година и на почетокот на оваа година интервјуираше околу 300 поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), меѓу кои се и некои од највисоките команданти на ОВК.

Специјализираните совети се бават со тешки кривични дела кои се извшени во Косово во текот на војната и непосредно по војната во Косово, според Резолуцијата на Советот на Европа од 2011 година.