ИДЛИБ (АА) – Иако силите на режимот на Башар ал Асад напредуваа во делот на стратешкиот Автопат М5, што се наоѓа во деескалациската зона во Идлиб, сè уште не го контролираат целосно, бидејќи во близина се наоѓа воената опозиција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Терористичките групи командувани од офицери на Иранската револуционерна гарда и Војската на Асад напредувале во селата во западниот дел на Алепо, кои се наоѓаат во деескалациската зона во Идлиб на стратешкиот Автопат М5.

Започнувајќи од Дамаск, режимските сили целосно го контролираат источниот дел на патот што ги поврзува Хама, Хомс, Идлиб и Алепо. Тие се обидуваат да ја отстранат воената опозиција која се наоѓа на неколку стотици метри на запад.

Режимските сили не можеа да обезбедат целосна контрола над патот, бидејќи воената опозиција сè уште се наоѓа многу близу до патот.

Според медиумите на режимот на Асад, автопатот е освоен, но режимските сили треба да ја прошират линијата од 17 километри во западен правец за да обезбедат контрола.

Режимските сили кои напредуваа југоисточно од Идлиб ги зазедоа областите Марет ал Нуман и Серакиб и се здобија со контрола над поголемиот дел од Автопатот М5.

Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на сириската опозиција.

Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.

Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили.