Експлодираше поштенското сандаче на една компанија во холандскиот град Амстердам и поштенско сандаче во една од поштите во градот Керкраде, јавува Агенција Анадолија (АА).

Полицијата на Амстердам преку социјалната мрежа Твитер информираше дека причина за експлозиите се испратените „писма бомби“, додавајќи дека нема загинати или повредени.

Експлозиите предизвикаа паника.

Минатиот месец на некои компании во Амстердам, Ротердам, Мастрихт и Утрехт им биле испратени писма во кои имало бомби. Откриено е дека писмата се испратени од компанија под име „CIB“ со седиште во Ротердам, но по спроведената истрага се утврдило дека именуваната компанија немала ништо со настанот.