Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека поддржувачите на режимот на Асад, Русија и Иран, мора да ја запрат неговата агресија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„И покрај прогласувањето прекин на огнот, режимот повторно ја засили својата агресија на 12 јануари, особено со воената поддршка обезбедена од оние кои го поддржуваат режимот“, изјави Чавушоглу, осврнувајќи се на понатамошниот прекин на огнот прогласен минатиот месец во Идлиб, северозападна Сирија.
Тој ги даде неговите забелешки на заедничката прес-конференција со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ во главниот град Подгорица, ден откако во нападите на режимот на Асад беа убиени пет турски војници, а петмина беа ранети.
Турските трупи се наоѓаат во Идлиб како дел од антитерористичката и мировната мисија.
Чавушоглу пристигна во Црна Гора вчера на дводневна официјална посета.
Тој претходно одвоено се состана со црногорскиот претседател Мило Џукановиќ, портпаролот на Парламентот, Иван Брајовиќ, премиерот Душко Марковиќ и министерот за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ.
По состанокот, Чавушоглу и Дрмановиќ потпишаа нови билатерални договори во областите како што се обезбедување на конзуларна помош за црногорските граѓани и приход за членовите на семејствата на дипломатските работници.
Северозападната сириска област Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на сириската опозиција.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили.










