САРАЕВО (АА) – Информацијата за смртта на воениот злосторник Ратко Младиќ (77) е демантирана од Механизмот на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лажната информација ја објавија голем број медиуми во Босна и Херцеговина и регионот.

Изворот на информацијата е лажен профил на министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, на Твитер, креиран неодамна.

Механизмот на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг за АА потврди дека се работи за лажна информација.

„Можам да ви ја демантирам оваа информација. Станува збор за информација која не е точна“, изјавија за АА.

Усната расправа за жалбите во процесот против Ратко Младиќ ќе се одржи на 17 и 18 март во Хаг. Расправата ќе се одржи во судницата на Хашкиот трибунал, а обраќањето на Младиќ се очекува на 18 март во 12:45 минути, најавено е од Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови.

Првостепениот совет на Хашкиот трибунал на 22 ноември 2017 година го осуди Младиќ на доживотен затвор по 10 точки од обвинението, за геноцид, за злосторства против човештвото и за воени злосторства поради неговата улога во злосторствата за време на војната во Босна и Хецеговина во периодот 1992 – 1995 година.