Во подрачјето на градот Идлиб, западно од населеното место Серакиб кадешто опозиционерите се обидуваат да ја повратат контролата од рацете на Асадовиот режим, е соборен хеликоптер на режимот.
Воените опозиционери, на фронтовата линија кај селото Нејраб западно од населеното место Серакиб и селото Афис во северниот дел уништија два тенка на режимските сили, а запленија еден тенк и противавионски топ со калибар од 23 милиметри.
Асадовиот режим и неговите поддржувачи на почетокот на овој месец со поддршка и на Русија од воздух, ги зазедоа центарот на населеното место Серакиб и некои села меѓу кои и Нејраб и Афис.
Подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија уште од самиот почеток на граѓанската војна во оваа земја е познато како упориште на опозиционерите и антирежимските вооружени групи.
Идлиб во март 2015 година премина под контрола на опозиционерите и заедно и со внатрешните раселувања бројот на населението овде достигна до 4 милиони. Идлиб се наоѓа на чело на подрачјата кои што се подложени на најжестоките напади на режимот.
Турција и Русија, на 17 септември 2018 година со цел зајакнување на прекинот на огнот постигнаа дополнителен меморандум во Сочи. Нападите беа прекинати за кусо време, а потоа режимските сили повторно започнаа со напади и во мај 2019 година започнаа копнена операција за целосно заземање на ова подрачје.
Од постигнатиот меморандум на 17 септември 2018 година во Сочи, во реализираните напади напади на режимот и неговите поддржувачи врз подрачјето на Идлиб досега загинаа повеќе од 1.800 цивили.
Бројот на лицата кои избегаа и дојдоа во близина на границата со Турција од јанаури 2019 година досега пак, достигна до 1 милион 767 илјади.
https://www.facebook.com/trtmacedonian/videos/606357183260295/
TRT
