ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот суд изрече затворска казна од 28 месеци за шејх Раид Салах, лидер на Палестинското исламско движење 1948, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во судското рочиште во израелскиот град Хаифа, Салах доби затворска казна од 28 месеци поради 4 различни кривични дела, меѓу кои и за тврдењата дека „дал поддршка на терористичка организација“.
Во затворската казна на Салах од 28 месеци ќе се земе предвид неговото 11-месечно задржување во притвор, со што ќе остане во затвор уште 17 месеци.
На ова рочиште беа присутни и пратениците што ги претставуваат Палестинците со израелско државјанство, како и претставници на невладините организации, додека стотици Палестинци одржаа демонстрации за поддршка на Салах пред судот.
Израелскиот суд во рочиштето на 24 ноември 2019 година го прогласи Салах за виновен за четири кривични дела, но не ја соопшти казната.
Салах претходно неколку пати беше приведен од страна на израелските сили под различни тврдења, но беше условно ослободуван.








