Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои беше нoминиран. Во категоријата за најдобар странски филм од неанглиско подрачје златната статуетка заврши во рацете на јужнокорејскиот филм „Паразит“ додека во категоријата најдобар документарен филм Оскарот го доби „Американска фабрика“.
Во категоријата меѓународен филм покрај „Медена земја“ и јужнокорејскиот „Паразит“, беа и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.
„Медена земја“ е првиот документарец номиниран за „Оскар“ во две категории, со што се впиша во филмската историјата.
Документарниот филм во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска е третото остварување од Македонија номинирано за „оскар“ по „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и „Дае“ на Столе Попов.
Останатите добитници на награди се:
Најдобра музичка тема: „Џокер“ (Хилдур Гуднадотир)
Најдобра оригинална песна: „(I’m Gonna) Love Me Again“ „Рокетмен“ (Rocketman) (Елтон Џон и Берни Топин)
Најдобра шминка и фризура: „Бомбшел“
Најдобро адаптирано сценарио: Таика Ваитити („Џоџо зајакот“ (Jojo Rabbit))
Најдобра костимографија: „Мали жени“ (Little Women)
Најдобар визуелен ефект: „1917“
Најдобра филмска редакција: „Форд наспроти Ферари“ (Ford vs. Ferrari)
Најдобар директор на фотографија: „1917“ (Роџер Дајкинс)
Најдобро уредување на звук: „Форд наспроти Ферари“ (Ford vs. Ferrari)
Најдобро звучно мешање: „1917“
Најдобар документарен филм: „Американска фабрика“ (American Factory)
Најдобар краткометражен документарен филм: „Учење скејтбордање во воена зона доколку сте женско“
Најдобар анимиран филм: „Приказна за играчките 4“ (Toy Story 4)
Најдобар краткометражен анимиран филм: „Хер лов“
Најдобар краткометражен филм: „Прозорецот на соседот“ (The Neighbor’s Window)
Најдобар дизајн: „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood)
Најдобра кинематографија: „1917“.
R.S.E









