Членовите на Централниот комитет на Фатах, Равхи Фату (Rawhi Fattouh) и Исмаил Џабер (Ismail Jaber) пристигнаа во петокот наутро во Појасот Газа преку преминот Ерез, објави „Кудс прес“ („Quds Press“).
И двајцата водачи на Фатах од окупираниот Западен Брег ја посетија Газа, откако делегацијата на палестинската ослободителна организација (ПОО)- (Palestine Liberation Organisation (PLO) ја откажа посетата на опколената енклава.
Делегацијата на (ПОО)(PLO) требаше да ја посети Газа минатата недела, со цел да се сретне со палестинските фракции и да разговара за заедничките мерки за соочување со „Договорот на векот“.
Хамас, исламски џихад и други фракции ја поздравија посетата на водачите на Фатах, потврдувајќи дека ќе разговараат за повеќе теми, вклучително и крај на внатрешната поделба.
Dubai – Portal – MIM










