Стотици Јорданци организираа митинг, втор по ред, во петокот(вчера), во близина на амбасадата на САД во главниот град Аман (Amman) против т.н. мировен план на Средниот исток на САД, пренесува Анадолија (Anadolu).

Толпата се собра на покана на Националната алијанса против „Договорот на векот“ , кој ја сочинуваат група пратеници, племенски фигури и шефови на синдикати.

Обилниот дожд не ги спречи Јорданците да учествуваат во собирот.

Учесниците извикуваа пароли против американскиот предлог и носеа транспаренти на кои пишуваше: „Ерусалим е аманет“ и „Јорданската долина е за Јорданците… не за ционистите”, а на протестот тие ги запалија израелските и американските знамиња.

„Денес ние велиме дека ја осудуваме позицијата на Трамп и го сметаме за криминалец… Тој го наруши глобалниот мир и безбедност и тој ги прекрши сите договори… мора да биде упатен до кривичниот суд на меѓународната заедница и арапскиот народ мора да дејствува насекаде “, рече Салех ал-Арути (Saleh al-Armouti), член на реформскиот блок во Претставничкиот дом – прва комора на јорданскиот парламент – рече за време на учеството во митингот.

Пратеници од исламистичкото движење во Јордан беа видени меѓу учесниците.

„Договорот на векот“ се однесува на Ерусалим како „неразделена престолнина на Израел“ и го признава израелскиот суверенитет над големите делови на Западниот Брег.

Планот се чини дека не ги исполнува ниту најосновните палестински барања за сеопфатен мир со Израел, вклучително и правото на враќање на палестинските бегалци, кои беа присилени од своите домови како резултат на конфликтот.

Dubai – Portal – MIM