Екипата на Aгенција Анадолија (AA) го сними дистриктот Серакиб во јужниот дел на сирискиот град Идлиб, кратко откако го зазедоа силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите поддржувачи.

Режимските сили, составени од елементите на режимот на Асад и проиранските странски терористички групи, со руска воздушна поддршка, доцна синоќа го зазедоа центарот на Серакиб.

Екипата на АА успеа со беспилотно летало да го сними центарот на Серакиб, кратко откако го зазедоа режимските сили. На снимките е евидентирана значителна материјална штета на одредени објекти настаната како последица на нападите на режимските и руските сили, како и опустошеноста на подрачјето во кое некогаш живееја 170.000 луѓе.

Населението, поради нападите на режимот и неговите сојузници побегнаа кон подрачјата во близина на границата со Турција и остана без покрив над глава.

Од друга страна, режимските сили кои ги кршат договорите од Астана и Сочи, продолжуваат со копнените и воздушните напади врз населбите во Идлиб и Алепо под контрола на опозицијата и антирежимските групи.

Честа цел на нападите се центарот на Идлиб и неговата блиска околина, како и неколку подрачја во Алепо.

Во вчерашните напади кои ги извршија режимските и руските сили врз населбите во Алепо и Идлиб, загинаа 15 цивили.

Чести се и судирите на опозицијата и антирежимските сили на една, со режимските сили на друга страна.

Во нападите на режимот и сојузниците извршени од 17 септември 2018 година врз деескалационата зона во Идлиб, кога беше постигнат договор во Сочи, загинаа над 1.800 цивили.

Истовремено, цивилите продолжуваат да бегаат кон подрачјата во близина на границата со Турција.

Поради режимските и сојузничките напади врз деескалационата зона во Идлиб, од јануари 2019 година побегнаа речиси 1,7 милион лица.

Голем број раселени во Идлиб бегаат кон камповите недалеку од границата со Турција, додека еден дел бега на подрачјата кои со антитерористичките операции на Турција, „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, се ослободени од терористите.

Доколку режимските сили продолжат да заземаат подрачја во центарот на Идлиб и околината, се очекува кон турската граница да мигрираат околу 1,5 милион цивили.