Од изборот до оставката на функцијата тој беше 24 часа и 34 минути, јавува Билд.
„Оствакта беше неизбежна. Никој не нѐ присили. Ги анализиравме настаните и реакциите во парламентот, во медиумите и на социјалните мрежи“, кажа Кемерих на конференција за медиумите.
Тој вчерашниот избор го искоментира со реченицата дека АфД „со перфиден трик се обидела да ѝ наштети на демократијата“.
„Но, соработка со АфД немало, ниту ќе ја има“, додаде Кемерих.
Изборот на Томас Кемерих, малку познат член на Либерално-демократската партија )ФДП) во источната држава Тирингија, беше првиот во кој регионален премиер победи со поддршка од АфД, со што беше прекршен повоениот консензус меѓу етаблираните партии да ја избегнуваат крајната десница.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека денот кога Кемерих беше избран со поддршка од АфД и нејзините конзервативци бил лош ден за демократијата и дека тој избор треба да биде поништен.
„Овој настан е неприфатлив, па резултатот мора да се смени“, кажа Меркел на конференција за новинарите за време на посетата на Јужна Америка.
MKD









