БРИСЕЛ (АА) – Меѓународната унија на демократите (UID) поднесе кривична пријава до Обвинителството во Брисел за расистичкиот грчки пратеник, кој го искина турското знаме во Европскиот парламент, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во кривичната пријава што ја сподели UID, се бара да се поведе неопходна истрага за провокацијата на расистичкиот пратеник Јоанис Лагос во Европскиот парламент и за тоа што овој инцидент претставува кршење на член 14 од Европскиот договор за човекови права и од Законот за борба против расизам.

Во кривичната пријава, од Судот, меѓу другото се бара да се утврди повредата на другите закони во врска со расизмот, дискриминацијата, злосторството и омразата.

Исто така, во кривичната пријава се бара одземање на имунитетот на Лагос и преземање на сите мерки за спроведување на правната истрага.

Грчкиот пратеник Лагос го искина турското знаме на седницата на Генералното собрание на ЕП во Брисел, на која се говореше за хуманитарната состојба на грчките острови.