Палестинската Власт(The Palestinian Authority)  забрани некои израелски производи од пазарите во окупираните територии како одговор на спречувањето на Израел за палестинската земјоделска продажба, соопшти Министерството за економија.

Забраната на ПВ за израелски зеленчук, овошје, сокови, минерална вода и газирани пијалоци стапи во сила денес откако израелскиот министер за одбрана, Нафтали Бенет (Naftali Bennett), во петокот издаде петиција за запирање на увозот на земјоделството од окупираниот Западен Брег.

Одлуката на Бенет се најде под притисок на израелските сточари, кои се соочија со загуби во последните неколку месеци поради бојкотот на израелските добиток и производи од овци во ПВ, обидувајќи се да ја намалат палестинската зависност од израелскиот пазар и економија. Официјалната палестинска новинска агенција Вафа (Wafa) објави дека Палестинците увезуваат три пати повеќе отколку што извезуваат во окупаторската држава.

Според Министерството за економија, палестинскиот извоз на свежо овошје и зеленчук во Израел се проценува на 55 милиони долари годишно, но Палестинците плаќаат околу 300 милиони долари за зеленчук увезен од Израел, со додавање на 100 милиони долари за флаширана вода и безалкохолни пијалоци.

Портпаролот на Министерството Азми Абделрахман (Azmi Abdelrahman), објасни дека палестинскиот земјоделски сектор може да обезбеди над 85 проценти од побарувачката на пазарот во овој момент. „Откако забраната ќе стапи на сила, загубите најмногу ќе бидат на израелска страна, затоа што палестинскиот увоз има поголема вредност“.

Абделхман додаде дека владата разгледува начини да им помогне на локалните земјоделци кои веќе имаат склучено договори со израелските фабрики за да ги намалат своите загуби.

Забраната доаѓа во услови на растечки тензии со Израел околу таканаречениот „мировен план“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше одбиен од сите палестински партии, како и од ООН, бидејќи не се заснова на резолуциите на ООН.

Dubai – Portal – MIM