Од коронавирусот во Кина починаа речиси 500 лица

0
108

Билансот на починати од последиците од заразувањето со коронавирусот во Кина е зголемен на 491 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).

Националната здравствена комисија на Кина (NHC) соопшти дека во изминатите 24 часа починале 65 заразени лица, со што бројот на починати од заразата со опасниот вирус во таа земја се зголеми на 491.

Во соопштението се наведува дека досега е потврдена зараза со вирусот 2019-nCoV кај вкупно 24.324 пациенти, додека под надзор се 185.555 луѓе за кои се сомнева дека го носат опасниот вирус.

Од Комисијата исто така соопштија дека телата на починатите ќе бидат кремирани во близина на болниците.

Коронавирусот од почетокот на годината се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи со зараза се потврдени во повеќе земји низ светот. Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност. Бројни авиокомпании ги запреа летовите кон Кина.