При излетувањето на патничкиот авион за време на слетувањето на меѓународниот аеродром Сабиха Ѓокчен во Истанбул загина едно лице, додека 157 се повредени, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Авионот на Пегасус Ерлајнс леташе од областа Измир на аеродромот во Истанбул, кога се сруши во текот на слетувањето”, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Трухан.
Набругу по излетувањето на авионот од писта, на местото на настанот стасаа противпожарни и медицински тимови. Пожарникарите успешно го изгасија пожарот кој изби во авионот.
Министерот Турхан рече дека некои од патниците успеале самостојно да го напуштат леталото, додека на останатите им помогнале спасувачки тимови.
Истакна дека и поради несреќата сите авиони кои требаа да слетаат на аеродромот „Сабиха Ѓокчен” се пренасочени на новоизградениот аеродром Истанбул.
Обвиинителството во главниот град Анкара отвори истрага за инцидентот, а аеродромот Сабина Ѓокчен привремено е затворен за воздушен сообраќај.










