ИСТАНБУЛ (AA) – Патнички авион на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен” во Истанбул за време на слетувањето излета од писта, при што се преполови, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Авионот на Пегасус Ерлајнс леташе од областа Измир на аеродромот во Истанбул, кога се сруши во текот на слетувањето”, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Трухан, кој истакна дека меѓу 177 лица кои биле во авионот нема жртви и додаде:

„Нашите екипи моментално ги згрижуваат патниците. Засега нема страдани, само повредени.”

Набругу по излетувањето на авионот од писта, на местото на настанот стасаа противпожарни и медицински тимови. Пожарникарите успешно го изгасија пожарот кој изби во авионот.

Министерот Турхан рече дека некои од патниците успеале самостојно да го напуштат леталото, додека на останатите им помогнале спасувачки тимови.

Истакна дека и поради несреќата сите авиони кои требаа да слетаат на аеродромот „Сабиха Ѓокчен” се пренасочени на новоизградениот аеродром Истанбул.

Истанбулскиот гувернер Вали Јерликаја потврди дека се повредени 21 лице и дека се однесени во блиските болници.