За време на викендот заврши изградбата на новата болница во Вухан што Кинезите ја почнаа на 23 јануари. Нејзиниот капацитет е со 1.000 кревети, јавиваат странските медиуми.

Фото: wuhanupdate.com

Објектот е подигнат попради појавата на корона-вирус што се појави во Вухан каде се регистрирани и најголем број на заразени лица и смртни случаи.

Фото: wuhanupdate.com

Болницата е на површина од 25.000 квадратни метри и може да прими 1.000 пациенти, пренесува кинески „Пипл Дејли“.

Бројот на жртви од корона-вирусот нарасна на 362, со што е надминат бројот на жртви од вирусот САРС во Кина во 2003 година, додека инфицирани се над 17.000 лица.

Фото: xinhuanet.com

Новата болница во Вухан е екипирана со сиот потребен кадар и опремена со неопходните апарати за борба против болеста. Според најавите од Кина, наскоро ќе биде завршена и втората болница со капацитет од 1.500 кревети.

NovaTV