АНКАРА (АА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на турнирот „Австралијан опен 2020“ („Australian open 2020“), совладувајќи го австрискиот тенисер Доминик Темим со 3:2, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ѓоковиќ по пет сета и речиси четири часа игра славеше против Тим, со резултат 6:4, 4:6, 2:6, 6:3 и 6:4 во финалниот натпревар на арената „Род Лавер„ во Мелбурн.
Српскиот тенисер се врати на позицијата светски рекет бр.1 постигнувајќи ја својата осма победа на Австралијан опен, со што го сруши сопствениот светски рекорд.
Триесет и двегодишниот тенисер ја освои и својата 17. Гренд-слем титула во кариерата.










