Србите и денес го веат знамето кое го дизајнирал султанот Махмуд Втори

0
120

Изгледот на српското знаме со четирите делови “С“ го препишал турскиот султан Махмуд Втори во 1835 година, тврдат релевантни историски извори.

Србите нерадо зборувааат кога трбојката „стана и останува“ нивно знаме. Денешната српска тробојка за прв пат се завеа во Србија на крајот на 1835 година, откако турскиот султан утврди како ќе изгледа.

Во февруари 1835 година, во Србија беше донесен „ Сретенскиот Устав“, кој го пропишува српското знаме. Познатиот српски историчар Радош Лушиќ вака пишува во книгата „Кнежество на Србија (1830-1839)“:
Со Сретенскиот устав, Србија постана „во посамостојно владеење на правото“, и како таква доби знаме и грб. „Бојата на српскиот народ е отворена црвена, бела и челикасто сива“ (стр. 292)

Султанот не го одобрил изгледот на ваквото знаме, туку објавил ферман како ќе изгледа српското знаме. Пишува Лусиќ, во истата книга:

„Ферманот, датиран од декември 1835 година, бил упатен до кнезот и на поданувските везири, паши, ајаните, војводите, кадиите и надзорниците на пристаништата. Тој вели дека српскиот народ има право да развие тробојно знаме на трговските бродови кои може да пловат по реки и мориња „доаѓајќи до Цариград и заминувајќи од тука“.

Покрај ферманот, тие, добиле и по една копија на знамето. Сега знамето доби нов распоред на бои, за разлика од оној пропишан со Сретенскиот Устав. Боите беа хоризонтално усогласени: црвена, сина и бела “. (Стр. 293)

Srodna slika
Српското знаме на Караѓорѓе со свинска глава под кое се изврши Првото српско востание 1804-1813 година

Извор:portalanalitika