АНКАРА (АА) – Портпаролот на АК Партијата (Партијата на правдата и развојот), Омер Челик, упатувајќи реакција до расистичкиот грчки пратеник Јоанис Лагос, кој го искина турското знаме во Европскиот парламент (ЕП), рече: „Фашистичкиот грчки пратеник само ја покажа својата бескарактерност“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на АК Партијата, Омер Челик, на својот твитер-профил реагираше до расистичкиот грчки пратеник Јоанис Лагос, кој го искина турското знаме во Европскиот парламент (ЕП).

„Фашистичкиот грчки пратеник само ја покажа својата бескарактерност“, напиша Омер Челик, додавајќи дека ако Европскиот парламент, наместо да ја развива демократијата, се предаде на расистите, ќе стане адреса на оние што сакаат да ги уништат европските вредности.