БРИСЕЛ (АА) – Европскиот парламент (ЕП) соопшти дека грчкиот парламентарец Јоанис Лагос, кој го искина турското знаме на Генералното собрание, е „предупреден“ од страна на претседавачот на Парламентот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на Европскиот парламент, Делфин Колард, на прашањето на новинарот на АА дали ќе се преземат некои мерки за пратеникот Лагос, рече: „Претседавачот на седницата јасно стави до знаење дека однесувањето на засегнатото лице е неприфатливо и дека е спротивно на правилата.“
Колард, исто така додаде: „Во овој контекст, се гледа дека пратеникот очигледно ги крши правилата на седницата на Европскиот парламент.“
Во однос на тоа дали ќе има кривична постапка, Колард рече дека ќе обезбеди информации доколку има некои случувања во врска со прашањето.
– Пратеник на ЕП со криминално досие
На сесијата насловена „Хуманитарна состојба на грчките острови“ на Генералното собрание на ЕП, за пратеникот Лагос роден во 1972 година, кој го скина турското знаме во Грција, се води истрага под обвинение за „Формирање, управување и членување во криминална организација“.
Лагос, во периодот 2012 – 2019 година беше избран за пратеник на ЕП од грчката неонацистичка партија Златна зора. Тој во 2019 година даде оставка од партијата Златна зора и стана претседател на партијата Национална народна совест, кој ја формираше сам.
Расистот Лагос, во Европскиот парламент (ЕП) е независен пратеник. Се дознава дека Лагос, поради неговите активности како член на партијата Златна зора, во Грција бил уапсен двапати.
Се нагласува дека Лагос во 2019 година бил приведен од страна на антитерористичката единица во Грција и осуден на 8 месеци затвор поради напад што го сторил во 2013 година.
Името на Лагос се споменува и во убиството на антифашистичкиот музичар Павлос Фисас. Музичарот бил убиен во 2013 година во Атина.
За него, исто така, од 2013 година се води истрага под обвинение за управување и членување во криминална организација заедно со лидерот на партијата Златна зора, Никос Михалоликос и со 69 други обвинети лица, меѓу кои се наоѓаат и пратеници.
Во минатото, Лагос исто така беше обвинет за уцена, трговија со жени и употреба на оружје без дозвола.









