Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди областа помеѓу Јамајка и Куба, пренесува CSEM / EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот се случи јужно од Куба и северозападно од Јамајка.
Исто така било издадено и предупредување за цунами за Куба, Јамајка и Кајманските острови. Американскиот геолошки преглед објави дека можни се опасни бранови предизвикани од цунами, пренесува Индекс.
„Целата куќа се тресеше“
На EMSC-CSEM, корисниците известуваат дека почувствувале потреси.
Еден корисник пријавил дека целата негова куќа на Кајманските острови се тресела.
Едно лице од Јамајка пријавило дека целиот мебел во куќата се тресе.
(Вијести.ба)










