Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во друштво со премиерот на ционистичкиот Израелски режим Бенјамин Нетанјаху го представи својот план за наводно решение за израелско-палестинскиот конфликт.
Во изјавата од Белата куќа, Трамп го опиша својот план како „чекор кон мирот“ за Израел, велејќи дека тоа ќе помогне во „спречување на радикализмот“.
Според него, ова е нај деталниот план, предложен досега за решавање на израелско-палестинскиот конфликт и има 80 страници, и содржи практични решенија за постигнување „помирен, попросперитетен регион“.
Во врска со градот Кудс (Ерусалим), Трамп рече дека ќе остане „неделива престолнина на Израел“.
„Никогаш нема да сториме нешто што би ја загрозило безбедноста на Израел. Мирот има потреба од откажување, но ние никогаш не сакаме Израел да се откаже од својата безбедност за мир “, изјавил Трамп, наведувајќи ги своите услуги на режимот во Тел Авив, како што е преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, признавање на израелското владеење во Голанската висоравнина и напуштање на „страшниот нуклеарен договор со Иран“.
Американскиот претседател рече дека планот е единствена можност за Палестинците да ја добијат својата земја и дека неговиот стручен тим го сочинуваат членови кои се „за Вљубени во Израел“.
Тој рече дека според неговиот план, главен град на Палестина треба да биде Источен Кудс и дека САД ќе ја отворат својата амбасада. Тој посочи дека со помош на странски земји (Арапи) ќе бидат инвестирани 50 милијарди американски долари во Палестина.
Во продолжение, Трамп повика на стопирање на активностите на Хамас и исламскиот џихад, забрана за пароли и слогани против Израел и запирање на плаќањето на обесштетувањата на палестинските семејства на шехидите.
На крајот од својот говор, американскиот претседател им се заблагодари на Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Оман за помошта што ја дадоа за развој на американскиот план и за испраќање на своите министри во Вашингтон за неговата презентација.
Во исто време, во Палестина се случија масовни протести против планот, а бројни официјални лица и групи претходно го отфрлија планот на Трамп, бидејќи тоа ги фаворизира израелските интереси.
Претседателот на палестинската власт, Махмуд Абас, побара вонредна седница на Арапската лига, по повод презентирање на „договор на векот“.











