Две бегалски групи се обидоа илегално од територијата на Србија да влезат во Унгарија ,во близина на граничниот премин Хоргос 2-Реске 2 утрово, околу 17:30 часот, соопшти унгарската полиција.
Околу 60 мигранти ја пробија оградата во време кога беше затворен преминот Хоргос 2, а унгарските полицајци на должност испукаа неколку предупредувачки истрели во воздухот, што ги спречи мигрантите илегално да влегуваат во Унгарија.
Уапсени се четири лица, а граничниот премин Хоргос 2 – Реске 2 беше затворен.
Преминот беше сцена на големи немири во екот на европската бегалска криза од 2015 година, кога полицијата се судри со стотици мигранти кои се обидоа да влезат во ЕУ.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан последователно нареди изградба на жичана ограда на границата, по што влезот во Унгарија беше намален. Бројот на пристигнувања на мигрантите се зголеми на крајот на минатата година, а во моментов неколку стотици се обидуваат да ја преминат границата неделно.
Голем дел од групата што се обиде да го стори тоа во вторникот не успеа, а четворица кои влегоа во Унгарија на крајот беа запрени, соопшти полицијата.
Duba-Portal – Reuters








