ГАЗПРОМ ги испорача првите милијарда кубни метри гас преку гасоводот „Турски тек“, објави руската компанија.

Од нив, 540 милиони кубни метри отидоа на турскиот пазар, а преостанатите 460 милиони се испорачани на границата меѓу Турција и Бугарија, за европски купувачи.

Турскиот тек, е извозниот гасовод што се протега од Русија кон Турција преку Црното Море, со проектиран капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Снабдувањето со комерцијален гас започна на 1 јануари оваа година, а големата церемонија на отворање се одржа на 8 јануари.

Dubai – Portal – MBS