Најмалку 12 работници загинаа во пожар што рано утринава изби во фабрика во Пакистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Големиот пожар изби по експлозија во фабрика за парфеми во Лахор, административниот центар на покраината Пунџаб и предизвика уривање на покрив на зградата.

Локалните медиуми наведуваат дека се работи за низа експлозии на плински боци и дека покрај 12те загинати лица, две лица биле повредени.

Поголемиот дел од смртните случаи е предизвикан со пад на покривот.

Покраините Пунџаб и Синд се главни индустриски и трговски центри на Пакистан.

Големи пожари во двете покраини се забележани во 2012 година, кога животот го загубија 314, а повредени беа повеќе од 600 лица.