Денес, медиумите известија за паѓањето на авион во источната авганистанска провинција Газни, а неколку часа подоцна, Талибанците објавија дека го срушиле авионот и дека тој припаѓа на американската војска.
Авионот се урна на територијата контролирана од таа милитантна група во Авганистан.
„Авион на американски окупатори се сруши во провинцијата Газни и сите патници се убиени“, изјавил Забихулах Муџахид, портпарол на талибаните, во писмената изјава во градот Пашуш.
Тој додаде дека голем број офицери на ЦИА биле убиени во нападот. Авионот бил на разузнавачка мисија и припаѓал на американските воздушни сили.
Муџахид на крајот на објавата изјави дека неколку американски воени авиони и хеликоптери биле соборени од талибанските сили во други области.
На почетокот, авганистанските владини претставници соопштија дека патничкиот авион Боинг, кој припаѓал на „Ариана Авганистан ерлајнс“ доживеал несреќа,се урнал и експлодирал.
Но, кратко потоа, Аријана ерлајнс официјално потврди дека авионот не и припаѓа на неа, и дека сите авиони на таа туристичка компанија правилно ги извршиле планираните летови.
Подоцна, властите на Газани изјавија дека авионската несреќа припаѓала на странска компанија, а не на авганистанска. Ниту една компанија последователно не објави дека изгубила патнички авион во Авганистан во текот на денот.
Сè уште нема веродостојни информации за точната бројка на загинати, иако некои медиуми велат дека загинале 83 лица.
Претставници на Централната команда на американските воздушни сили одбиле да го коментираат инцидентот, но фотографиите на социјалните медиуми говорат дека остатоците од местото на несреќата може да припаѓаат на авион „Бомбардер Е-11А“ што го користеле американските воени сили за електронски надзор во Авганистан.
Исто така, ознаките за идентификација на остатоците од авионот укажуваат дека тој припаѓа на американската армија и не е патнички како што претходно се тврдеше.









