Со Кобе Брајант загина и една од неговите ќерки

0
121

Коби Брајант, легендарен поранешен кошаркар, загина на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во Калабасас.

Како пренесуваат американските медиуми, во хеликоптерот била и една од неговите ќерки која исто така загина.

Според ТМЗ, меѓу жртвите е и неговата ќерка Џиана Марија.


Брајант, наводно, тргнал на  кошаркарски натпревар, а покрај неговата ќерка Џиана со нив во хеликоптерот бил уште еден играч, но неговиот идентитет не е потврден.