Турскиот град Елазиг во петокот го погоди силен земјотрес во кој загинаа 35 лица, додека вкупно 45 лица беа спасени под урнатините.
Меѓу спасените се и Дурдане Ајдин и нејзиниот сопруг Зулкуф, кои од под урнатините во квартот Сурсуру во Елазиг беа извлечени (спасени) од страна на студент од Сирија, Махмуд ел Осман, сириски студент кој пристигна во Хатај, Турција,пред две години, а пред три месеци заради факултетот се досели во Елазиг .
Брачниот пар Ајдин се сретна со храбар сириски студент следниот ден по спасувањето, благодарение на тимот на Агенцијата Анадолу, а емотивниот момент го заробиле камерите.
– Ова дете нè спаси. Не можам да ги заборавам неговите очи. Тој ми помогна да бидам повторно со сопругот “, изјавил Дурдане, додавајќи дека тој бил нивниот голем херој, не можејќи да ги задржи солзите кога Махмуд влегол во куќата во која привремено се населиле по земјотресот.
Во многу емотивна средба, двајцата го прегрнале сирискиот студент, а Дурдане, дознавајќи дека мајката на Махмуд е во Сирија, мурекла дека од сега може неа да ја смета за мајка.
– Ти за ништо повеќе не грижиш. Можеш да ме сметаш за мајка и сестра. Никогаш нема да те оставиме “, рекла таа со солзи на очите.
Таа ги опиша тешките моменти под урнатините, велејќи дека таа и нејзиниот сопруг биле еден до друг и не верувале дека ќе бидат спасени.






















