Во хеликоптерска несреќа загина познатиот НБА кошаркар Кобе Брајант

0
138

Познатиот НБА кошаркар Коби Брајант загина утринава, наутро во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.

Легендарниот кошаркар патувал со најмалку тројца патници во приватен хеликоптер, при што загинале сите, вклучувајќи го и пилотот, пренесува TMZ.

Екипите за итни случаи реагирале веднаш, но никој од хеликоптерот не преживеал. Пет лица се потврдени како мртви. Се зборуваше дека Ванеса Брајант не била меѓу патниците, пренесува TMZ.

Очевидци велат дека слушнале чуден звук на моторот од хеликоптерот пред да се урне.

Според „Лос Анџелес Тајмс“, хеликоптерот во кој загинала кошаркарска стар везда, кој поминал 20 години со Лос Анџелес Лејкерс, после паѓањето изгорел во пламен над ридовите над Калабасас. Несреќата се случила околу 10 часот наутро во близина на патот Лас Виргенес, јужно од патот Агур.

„После хеликоптерската несреќа избувнал голем пожар, што го отежнувало приодот на пожарникарите и персоналот на брзата помош да стигнат до местото на несреќата“, соопштил командантот на одделот на шерифот на округот Лос Анџелес.

Пожарот не се рашири понатаму и областа каде што се случи несреќата не билс населена и немало влијание на сообраќајот.

Причината за несреќата се истражува.