Оперативните дозволи на „Адриа ервејс“ продадени се на аукција на „Ер Адриатика“ на словенечкиот бизнисмен Изет Растодер по почетна цена од 45.000 евра.
Освен „Ер Адријатика“, депозит за регистрација плати и хрватската компанија „Комфорија“ и „Дедал Аеро“ од поранешниот пилот на Адрија, Дејан Слодеј, пренесува словенечката агенција СТА.
Сите вклучени страни платиле по 4.500 евра за учествуво на аукцијата, а иако во јавноста на одобрување наиде предлогот на рускиот инвеститор за рестартирање на Адриа со новиот авион „Сухој суперџет 100“, тие не учествуваа на аукцијата.
Растодер, увозник, и продавач на банани и трговец со недвижнини, го основа „Ер Адриатик“ само неколку дена откако Адрија пропадна кон крајот на септември минатата година, пренесува специјализираниот портал Exyuaviation.
Имотот на поранешната компанија е продаден во целост, и вклучува сертификат за воздушен оператор (AOC), како и разни придружни дозволи и прирачници.
Сертификатот на Адрија беше суспендиран до 30 септември 2020 година, но истиот ќе биде вратен откако ќе се исполнат одредени обврски со словенечката агенција за цивилно воздухопловство, вклучително и поседување на оперативни авиони.
Компанијата на Растодер, исто така, ќе мора да преземе голем број на обврски, како што се оние што произлегуваат по одземањето на АОК и постапката за стечај.
Словенечкиот АОК му дава на својот сопственик право да одржува трговски линии меѓу Словенија и другите земји-членки на ЕУ.
Растодер, кого го нарекуваат „крал на бананите“, порано изјави дека планира да го користи АОК на Адриа за развој на приватна авиокомпанија и е во процес на набавка на два авиони.
Бизнисменот е роден во Петница, се пресели во Љубљана во 1986 година и размислува за воспоставување на нискобуџетен превозник со седиште во Љубљана.










