Триесет и четири американски војници претрпеа потрес на мозокот по иранскиот напад врз базата на воздухопловните сили Аин ал Асад во Ирак на 8 јануари, објави Пентагон во петокот.

Половина од нив веќе се вратиле во своите единици, осум се испратени назад во Соединетите држави, а девет се испратени во американска воена болница во Германија за да бидат лекувани од симптоми на потрес на мозокот како резултат на експлозијата, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Џонатан Хофман (Jonathan Hoffman) на прес-конференција.

Меѓу симптомите што ги спомнаа војниците беa „главоболка, вртоглавица, преосетливост на светлина, вознемиреност и гадење“. Некои од овие симптоми брзо исчезнаа, а кај некои се влошија и војниците беа евакуирани.

Техеран ги нападна базите на Аин ал Асад (на запад) и Ербил (на исток) во ноќта на 7 до 8 јануари, каде што беа стационирани дел од 5.200 американски трупи како одговор на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Додека, Претседателот на САД излезе со изјава:

„Никој од Американците не беше повреден во нападот“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиското обраќање по нападот.

Но, минатата недела Пентагон призна дека десетина војници претрпеле потрес на мозокот.

Одговарајќи на Давос, Трамп, кој не сака воена ескалација со Техеран, повторно ги минимизираше последиците од нападот во Иран во средата. „Слушам дека страдаат од главоболка“, рече тој. „Не сметам дека е сериозна повреда“.

Портпаролот на Пентагон го објасни зголемувањето на бројот на повредени во петокот велејќи дека симптомите понекогаш се појавуваат само по неколку дена.

Dubai-Portal ‘ Al-Monitor