ЕЛАЗИГ (AA) – Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека по земјотресот кој вчера го погоди градот Елазиг, на истокот на земјата, загинаа 22 лица, а 39 лица се спасени од под урнатините, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во акциите за спасување учествуваа голем број припадници на спасувачките екипи. Спасувачките екипи денеска во местото Маден во Елазиг од под урнатините извлекоа и повредено дете.
Сојлу потврди дека во земјотресот загинале 22 лица. Според последните информации, повредени се 1.030.
„Четири лица смртно настрадаа во Малатија, а 18 во Елазиг“, изјави Сојлу на прес-конференцијата.
Во градот Елазиг и понатаму трае акцијата за спасување од под урнатините на три згради.
Во акциите за спасување во регионот учествуваат вкупно 1.167 спасувачи и 235 возила.


Епицентарот на потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер регистиран е во местото Сивирџе, недалеку од градот Елазиг, во близина на границата со Сирија.
Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај, Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.











