Две лица биле заразени со коронавирус во Франција, потврди тамошната министерка за АФП.
Министерката за здравство на Франција, Агнес Бужин, соопшти дека имало два случаи на вирусна инфекција во Франција.
Таа изјави дека еден случај е потврден во Бордо, а друг во близина на Париз, пренесува „Индипендент“.
Министерката изјави и дека заразените лица отпатувале за Кина и таа очекува повеќе инфекции да се појават во Франција.
„Имаме два случаи. Веројатно ќе има и други“,истакнала таа.
Според францускиот весник Ле Монд, пациентот во Бордо е 48-годишен Французин со кинеско потекло и бил пренесен во болница откако страдал од симптоми слични на грип.
Најмалку 26 мртви
Потсетуваме, бројот на заразени со новиот вид коронавирус во централна Кина се искачи на повеќе од 800, со 26 мртви.
Извор:(Вијести.ба)









