Ердоган: Институциите ги превземаат сите мерки со цел заштита на граѓаните

0
108

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека институциите на земјата ги преземаат сите мерки за заштита на граѓаните по силниот земјотрес на истокот на земјата, и дека министрите веќе се на терен.

„Институциите ги преземаат сите мерки за да ги заштитат граѓаните, министрите веќе се на терен“, рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Според најновите информации, најмалку 14 лица загинале во земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер што го погоди источниот турски град Елазиг.

Дирекцијата за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во 20:55 часот по локално време во Сивриче, недалеку од Елазиг.

„Според досегашните информации, во земјотресот загинале 14 лица“, соопшти АФАД.

АФАД формираше кризен штаб и голем број спасувачки служби беа распоредени од бројни турски градови во Елазиг.

Земјотресот беше почувствуван и во околните градови Адан, Хатај и Османије, дури и во северните делови на Сирија и Ирак.

АФАД исто така потврди дека после овој земјотрес се регистрирани уште 60 последователни земјотреси со низок интензитет, од кои осум биле повисоки од 4,0 степени Рихтер.

(Вијести.ба / АА)