Шпанија:Снежното невреме Глорија однесе 4 жртви, повеќе од 80 повредени

0
126

Најмалку девет лица загинаа и повеќе од 80 се повредени во текот на невремето во Глорија, кое беснее во Шпанија веќе четири дена, јавува агенцијата Анадолу (АА). Снежното невреме проследено со дожд ги зафати источните делови на земјата, особено во регионите Валенсија, Балеарските острови, Арагон, Каталонија и Мурсија.

Според шпанската цивилна одбрана, најмалку девет лица загинале, а четири се повредени за четири дена, при што четири се водат како исчезнати. Официјални лица во Каталонија и Валенсија потврдија дека висината на брановите изнесува до 14 метри, при што досега е штета од неколку милиони евра.

Претходно беше потврдено дека околу 200.000 луѓе ширум Шпанија останале без струја, многу училишта и патишта се затворени. Локалните власти соопштија дека десетици патишта биле блокирани поради обилните снежни врнежи, вклучувајќи го и автопатот А7 што го поврзува северо-источниот шпански град Фигуерес со Франција.

Според последните официјални информации, тројца мажи и жена загинале во невремето.