Му останало од кампањата: Претседателот на Финска донирал 200.000 евра на сиромашни деца

0
131

Финскиот претседател Саули Нинисто донирал 200.000 евра на сиромашни деца кои парите би ги потрошиле на образование, јавува Anadolu Agency (AA).

Според финските медиуми, претседателот на Финска одлучил парите да им ги донира на здруженијата и хуманитарните организации, пари кои му останеле после претседателската кампања за 2018 година.

Тој ги донираше преостанатите 200.000 евра, барајќи парите да бидат дистрибуирани на децата на семејствата со слаба имотна остојба за да можат да обезбедат книги, компјутери и друга неопходна едукативна опрема.

Претседателот на Финска собрал околу 1,5 милиони евра донации за време на изборната кампања.