Турскиот министер за надворешни работи, Мевлуд Чавушоглу, потврди дека Анкара се спротивставува на санкциите на САД против Исламската Република Иран.
Турскиот министер разговарал на еден од панелите на Светскиот економски форум во Давос, каде се осврна меѓу другото и на палестинско-израелскиот проблем.
Тој рече дека проблемот е зголемен со израелската ескалација на конфликтите и нетолеранцијата и нелегалната окупација на палестинските територии.
Чавушоглу потсети дека, по одбивањето за соработката од страна на европските земји, Турција се сврте кон Русија и е „подготвена да соработува со сите за да се врати мирот на Блискиот исток, меѓу нив Иран“.
Во врска со зголемените тензии меѓу Иран и Соединетите држави, тој рече дека Турција нема да учествува во санкциите на САД против Исламската Република.
„Ние не сакаме Ирак да стане основа за конфликт меѓу Иран и Америка“, рече тој.
Претходно, шефот на турската дипломатија, на форум во Доха во 2019 година, рече дека американските санкции за Иран досега немале резултати и дека тие само му наштетиле на иранскиот народ.











