Saturday, April 18, 2026
Home Свет Путин ги претстави членовите во новата влада

Путин ги претстави членовите во новата влада

124
0

Новата влада беше формирана по помалку од една недела откако Путин предложи голема реформа на политичкиот систем, поттикнувајќи ја оставката на премиерот Дмитриј Медведев и целата негова влада.

Путин го избра Михаил Мишустин, 53-годишен директор на даночната администрација без политичко искуство, за свој нов премиер.

Рускиот претседател го назначи Андреј Белошов, свој економски советник од 2013 година, за прв вицепремиер. Белошов ќе го наследи Антон Силуанов, кој ја имаше таа функција од мај 2018 година.

Тој исто така го одобри назначувањето на Максим Решетников, поранешен регионален гувернер, на функцијата министер за економија што ја имаше Максим Орешкин во поранешната влада.

Министерот за финансии Антон Силуанов, министерот за енергетика Александар Новак, министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров остануваат на истата должност, соопшти Кремљ.