МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Палестина на 23 јануари, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Рускиот лидер в четврток ќе патува во Израел и Палестина“, изјави Песков за новинарите.
„Во наредните два дена Путин ќе патува во регионот Липетск, а потоа ќе замине за Израел и Палестина“, изјави Песков.
Путин се очекува да присуствува на Светскиот форум за холокаустот на 23 јануари во Ерусалим, каде што ќе биде отворен споменикот за жртвите од опсадата на Ленинград.
Палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, изјави дека Путин се очекува да допатува во Витлеем на разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Путин ја посети Палестина во 2012 и 2017 година.










