АБУЏА (АА) – Во Нигерија, која е богата со нафта и природен гас, во последните 18 години се извршени над 45.000 напади врз нафтоводите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Малам Меле Кјари, генерален директор на Нигериската национална нафтена компанија (NNPC), во изјава за медиумите истакна дека покрај преземените мерки, сѐ уште продолжува кражбата и саботажата со нафтата.
Кјари нагласи дека фабриките на Нигериската национална нафтена компанија често се изложени на напади на крадците.
„Во периодот од 2001 до 2019 година беа извршени 45.347 напади врз нафтоводите низ земјата“, додаде тој.
Според него, кражбата на нафта, илегалните нафтени рафинерии, како и саботажите врз нафтоводите, претставуваат сериозна закана за приходите на Нигерија, додека, рече тој, тоа негативно влијае врз економијата на земјата.
Откриените нафтени резерви на Нигерија сочинуваат 3,1 отсто од светските реверви на нафта, односно околу 37 милијарди барели.
Нигерија се наоѓа во првите 15 земји во светот во производството на сурова нафта, додека е осма земја која поседува најмногу нафтени резерви во светот, и се наоѓа на шесто место што се однесува до извозот на нафта.
Иницијативата за индустриска транспарентност на Нигерија соопшти дека како резултат на кражбата на нафта и горива, економијата на оваа земја во 10 години претрпела загуба од 41,9 милијарди долари.








