АНКАРА (АА) – Иранскиот парламентарец Ахмед Хамза понуди парична награда во износ од 3 милиони долари за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Хамза е пратеник во иранскиот Парламент од покраината Керман, родниот крај на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој на почетокот на јануари беше убиен во американски воздушен напад кај аеродромот во Багдад.

Иранската студентска новинска агенција ИСНА јавува дека Хамза за време на обраќањето во Парламентот изјавил дека во име на народот на Керман нуди награда за убиство на Трамп.

„Во име на народот на Керман, на лицето кое ќе го убие Трамп ќе му дадеме награда од 3 милиони долари во готовина“, порача Хамза.

Тој исто така ја повика иранската Влада да го напушти меѓународниот договор и да го продолжи проектот за развој на нуклеарно оружје.

„Не би биле соочени со вакви закани денес да имаме нуклеарно оружје. Предлагам пред светот што поскоро да обзнаниме дека сме влегле во друштвото на земји со нуклеарно оружје“, изјави Хамза.