АНКАРА (АА) – Неодамнешниот коментар на истакнатиот турски кардиохирург којшто живее во САД, д-р Мехмет Оз, ја разгори дискуцијата во светот на медицинската фела со неговата препорака за избегнување на појадокот, со тврдење дека не е потребен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Најпаметната работа за нас е да го откажеме појадокот, и нашиот прв оброк да го имаме кога всушност ќе почувствуваме глад“, изјави Оз за време на интервју за познатиот новински веб-сајт TMZ.
Д-р Оз го даде овој совет во период на растечкиот тренд на диети, фокусиран околу наизменично постење, во кое, оние коишто го практикуваат тоа, се воздржуваат од јадење во одреден период од секој ден, обично меѓу 14 до 16 часа. Другите методи вклучуваат воздржување од храна во целост или внес до одредени неколку стотици калории, два дена во текот на неделата.
Познатиот турски нутриционист и специјалист за диети, д-р Ендер Сарач, изјави дека добриот појадок треба да биде најважниот оброк бидејќи го балансира шеќерот во крвта.
Сарач се согласи со Оз луѓето да го имаат својот прв оброк тогаш кога ќе се чувствуваат гладни, но и дека доколку се сити, тие може да појадуваат подоцна.
Тој исто така предупреди на тоа дека појадувањето предоцна може да предизвика одложување на другите оброци, и може да предизвика чувство на ситост во утринските часови по будење.
„Појадокот богат со гликемиски индекс и заситени масти како што се стеатопигична, хиперсолена храна како што се торти, тесто, бел леб, печена и пржена храна, носи штета наместо корист, затоа што тоа предизвикува таложење маснотии на пределот на стомакот и половината“, изјави Сарач.
Споредувајќи ги турските и американските навики за појадок, Сарач рече: „За разлика од Турците, Американците не консумираат лимон и маслиново масло на зеленчук, локално сирење, природни краставици и домати, што ги изненадува кога ќе ги видат во појадокот.
„Тие јадат перек, целосно направен од бело брашно и многу квасец, како и сланина, многу засладени крофни и житарици.“
Тој додаде дека има и разлики во културата на пијалаци во појадокот. На пример, Турците пијат традиционален чај кој е добар антиоксиданс, но Американците пијат кафе коешто е многу варено, богато со шеќер и крем, што вклучува конзерванси.
Сарач рече дека пиењето турско кафе без шеќер по појадокот помага во варењето на храната, изразувајќи верување дека правилниот појадок е извор на среќа, но дека сепак, секоја нација има различна култура.
„Иако се води дискусија, реалноста е дека појадокот е најважниот оброк“, вели гастроентерологот Ведат Горал од универзитетската болница „Медипол“ во Истанбул.
„Нашето тело продолжува да троши енергија за раст и обновување дури и додека спиеме. Потребата од појадок е непобитна заради замена на енергијата што ја трошиме во текот на ноќта, да го подготвиме метаболизмот за денот, да се обезбеди дигестивниот систем да работи редовно и да обезбедиме балансирана калориска добивка во текот на денот“, рече Горал.
Според него, појадокот е важен за луѓето од сите сфери на животот, но количеството калории во појадокот зависи од видот и времето за појадок кај поединци.
Професотот Билал Бозтосун, шефот на Кардиолошкиот оддел во универзитетската болница „Медипол“ зборуваше дека појадокот е важен заради здравјето на срцето.
Бозтосун рече дека балансираниот и правилен појадок е важен за телото и дека не им препорачува на пациентите со проблеми на срцето да изгладнуваат подолго време
„Содржината на појадокот, односно она што го јадете е поважно од самиот појадок. Преработеното и во изобилство мрсно месо, замрзнатата храна, сувомеснатите производи со масти и пакуваната храна која содржи висок шеќер се исклучително штетни. Овие производи не треба да се консумираат не само на појадок, туку во кој било оброк во денот“, рече тој.
Диететичарката Гизем Генџјурек, која работи во истата болница, исто така смета дека појадокот е најважниот оброк во денот.
Ѓензурек рече дека започнувањето со работа без појадок предизвикува замор, намалена мотивација, раздразливост и недостаток во перформансите.
„Појадокот е особено важен за децата, постарите лица и пациентите кои користат лекови“, рече таа.
„Според некои извори во САД, истражувањата покажуваат дека прекумерната телесна тежина и дебелите луѓе никогаш не појадуваат“, додаде таа.
Сите интервјуирани експерти се согласија дека правилниот појадок треба да биде избалансиран, лесен оброк со јаглехидрати, маснотии и протеини.









