БЕРЛИН (АА) – Во германскиот главен град Берлин заврши самитот кој се одржа со цел започнување на постојано примирје и политички процес во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Конференцијата се одржа по покана на германската канцеларка Ангела Меркел и траеше повеќе од четири часа.

На оваа конференција учествуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во рамки на самитот, Ердоган одржа одделни средби со рускиот претседател Владимир Путин, шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, германската канцеларка Ангела Меркел и Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

По самитот, се одржува прес-конференција од страна на Меркел, генералнот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, шефот на германската дипломатија Хеико Маас, и претставникот на ОН за Либија,  Гашан Саламе.