БАГДАД (AA) – Демонстрантите на антивладините протести во Багдад и во градовите на југот на Ирак палеа автомобилски гуми и блокираа сообраќајници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Група демонстранти се собраа на плоштадот „Тајаран“, недалеку од Тахрир, во Багдад, и запалија гуми со што го блокираа одвивањето на сообраќајот.

Припадниците на безбедносните сили користеа солзавец против демонстрантите.

Слични нереди избија и во Најаф, Кербели, Васит и Насирија, на југот на земјата.

Демонстрантите порачаа дека ќе преземат радикални мерки доколку нивните барања не бидат исполнети до понеделник.

Демонстрантите бараат независно лице да формира технократска влада, распишување предвремени избори и судење на одговорните за убивањето на демонстрантите.