Членови на движењето „Жолти елеци“ излегоа на улиците повторно во знак на протест против административната политика на францускиот претседател Емануел Макрон, при што 37 лица беа приведени во Париз, пренесува агенцијата Анадолу (АА).

Протестите, кои првично започнаа како израз на незадоволство од најавените цени на горивата и лошата економска состојба, кои подоцна ескалираа во сеопшти протести против администрацијата на Макрон, влегоа во 62-та недела.

Демонстрантите се собраа во Шамперет, Париз, одеа кон железничката станица Лигон. Во таа прилика, тие посочуваа транспаренти со пораки против Макрон и извикуваа пароли против мерките преземени од францускиот претседател.

Според полицискиот оддел во Париз, 37 лица биле приведени за време на демонстрациите во главниот град на земјата. Тимови за медицинска помош соопштија дека 20 лица се повредени. На снимките на социјалните мрежи, полицаец удира во протестант кој лежи на земја.

Во Тулуз полицијата употреби солзавец против демонстрантите и протести се одржуваа во други градови. Кристоф Кастанер, француски министер за внатрешни работи, рече дека насилството во никој случај не може да биде начин за изразување демократија.

Протестите на „Жолтите елеци“ започнаа на 17 ноември 2018 година. Оттогаш, околу 500 лица се повредени при полициската интервенција и едно лице е убиено.

Извор:Анадолија