МОСКВА (АА) – Украинскиот премиер, Олексиј Гончарук, денес поднесе оставка по информациите што протекоа во јавноста дека тој го критикувал украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вчера украинските медиуми објавија аудиоснимка, во која се слушаат луѓе со гласови слични на гласовите на премиерот и на некои други министри, кои го оквалификуваат Зеленски како некомпетентен за економските проблеми.

„Дојдов на работното место за да ја исполнам програмата на претседателот. За мене тој е модел на отвореност и пристојност. Сепак, да оставам настрана какви било сомнежи за нашето почитување и доверба во претседателот, јас напишав писмо за оставка и го предадов на претседателот со право да го достави до Парламентот“, напиша Гончарук во објавата на Фејсбук.

Претседателската прес-служба го потврди приемот на писмото за оставка, додавајќи дека шефот на државата ќе ја објави својата одлука подоцна.

На аудиоснимката, глас сличен на оној на Гончарук, вели дека Зеленски има „многу примитивно разбирање на економските процеси“ и потоа признава дека не е надлежен во оваа област бидејќи е правник, но не и економист.

Прес-службата на украинската Влада соопшти дека нема податоци за автентичноста на записот и ја потврди оставката на премиерот.