ЕРУСАЛИМ (AA) – Израелската полиција по утринската молитва упадна во комплексот „Ал Акса“ во Источен Ерусалим (Источен Кудс) и потоа ги нападна верниците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според очевидците, голем број Палестинци ја извршувале утринската молитва во џамијата „Ал Акса“ во моментите кога израелските полицајци сè почесто ги оштетуваат муслиманските верски објекти на тој простор.
Верниците по молитвата, во текот на протестната прошетка во близина на комплексот, извикуваа слогани.
Израелските полицајци притоа атакуваа врз верниците, некои ги нападнаа физички, а подоцна ги избркаа надвор оние што беа во џамијата „Ал Акса“.
Израелската полиција издаде соопштение во кое наведе дека полицајците ги растерале лицата што го загрозувале јавниот ред и мир.
Израелската полиција во текот на неколкуте последни месеци често интервенираше за да ги оддалечи верниците од влезот Баб ал Рахмат, еден од неколкуте влезови во комплексот „Ал Акса“.








